İdris Okuducu
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
СУЛЕЈМАНИЈА (AA) - Наширван Мустафа, лидер на опозицијата на Регионалната курдска управа во северен Ирак (IKBY) и водач на Движењето Горан (Промена), почина на 73-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на Движењето Горан (Промена) наведено е дека Мустафа веќе подолг период имал здравствени проблеми. Почина во градот Сулејманија.
На 14. мај, Мустафа се врати во Сулејманија од Лондон, каде што повеќе од една година помина на лекување.
Роден е во 1944 година, во Сулејманија, а во 1967 година дипломирал политички науки на Универзитетот во Багдад. Тој е еден од основачите на ирачката Унија на патриоти на Курдистан (KYB), а до 2006 година ја вршеше функцијата генерален секретар на унијата.
Откако ја напушти KYB, во 2007 година го основа Движењето Горан, а две години подоцна учествуваше на изборите во Ирак.