Qais Omar Darwesh Omar,Said İbicioğlu
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
РАМАЛА
Махмуд Бекир Хијази, првиот Палестинец што Израел го уапси и затвори, почина на 85-годишна возраст, половина век по пуштањето на слобода, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението за прашања на палестинските затвореници упати порака со сочувство и порача дека Хијази, симболот на жртва, зад себе оставил важна борба и национално наследство.
Порака со сочувство упати и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Наведено е дека Хијази ќе биде погребан денес, а на погребот ќе присуствува и Абас.
Израелските сили го уапсија Хијази, кој е роден во Кудс (Ерусалим) во 1936 година, по операција во окупираниот град Бејр Јибрин во јануари 1965 година.
Хијази, првиот Палестинец што влезе во израелски затвор, беше осуден на смрт, но не беше погубен по приговорите на меѓународната заедница.
Ослободен е во 1974 година. Во Либан живеел до 1994 година, а потоа се вратил во Рамала.
Според податоците на Здружението на затвореници на Палестина, повеќе од милион Палестинци се затворени во израелските затвори од 1965 година.