Merve Berker
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
АНКАРА
Почина министерот за надворешни работи на сирискиот режим, Валид Муалем, јави сириската новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не е позната причината за смртта.
Муалем (79) беше режимски министер за надворешни работи од 11 февруари 2006 година.
Тој се смета и за еден од најголемите поддржувачи на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за време на војната во Сирија.
Роден е во Дамаск во 1941 година, а амбасадор на Сирија во САД беше од 1990 до 1999 година.