Ali Abo Rezeg
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
ТУНИС (АА) - Претседателот на Тунис, Беџи Каид Есебси, почина денес на 92-годишна возраст во Воената болница во Тунис, соопшти неговиот Кабинет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извор од Претседателството на Тунис изјави дека Есебси бил хоспитализиран синоќа поради здравствени проблеми.
Тој минатиот месец беше згрижен во Воената болница двапати, а го пуштија на 1 јули.
Првиот демократски избран претседател на Тунис, Беџи Каид Есебси, ја презеде должноста во декември 2014 година откако неколку декади служеше на неколку клучни позиции во северноафриканската земја, особено како директор на Националната безбедност, министер за внатрешни работи, министер за одбрана и министер за надворешни работи.
Роден во 1926 година, Есебси ја презеде власта во променет политички пејзаж, откако Тунис беше сведок на популарната револуција за која се знае дека го предизвика почетокот на востанијата во Арапската пролет.