Mustafa Deveci
25 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 16 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Израелската војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег, приведени се 16 Палестинци, под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“.
Во соопштението се нагласува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор.
Израелските сили често вршат рации во окупираните територии на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни образложенија приведуваат Палестинци.
По приведувањата, кои на Западниот Брег и во Источен Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.