Mustafa Deveci
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Првиот товарен брод од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) пристигна во Израел откако двете земји кон средината на минатиот месец потпишаа договор за нормализирање на билатералните односи, јавува Агенција Анадолија (AA).
Бродот „МЦС Париз“ вплови во израелското пристаниште „Хаифа“ и испорача челик, противпожарна опрема, хигиенски средства и електронски уреди.
Властите на Израел и Обединетите Арапски Емирати на 15 септември во Белата куќа во Вашингтон потпишаа договор за нормализирање на односите, кој предвидува и развивање на трговската размена.
Официјалните претставници на Абу Даби и Тел Авив дополнително се договорија најмалку еден товарен брод да плови на таа линија, со цел зајакнување на поморскиот транспорт.
Покрај Обединетите Арапски Емирати, договор за нормализирање на односите со Израел потпиша и Бахреин.
Палестинското раководство, вклучувајќи ги и движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народниот фронт за ослободување на Палестина, е согласно дека нормализацијата на односите со Израел претставува големо предавство.