Elena Trenchevska Chekovic
20 Јуни 2025•Ажурирај: 26 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) – Во екот на интензивни напади на Израел и целосна опсада на блокираниот Појас Газа, животите на новороденчињата се во опасност поради недостигот на храна за бебиња и на медицински средства, јавува Анадолу.
Здравствените работници на педијатриското и породилното одделение во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис се обидуваат да ги одржат во живот бебињата родени предвреме на одделот за интензивна нега со ограничени ресурси.
Израелската војска дозволува влез само на ограничен број камиони со хуманитарна помош во Газа, што не ги задоволува ни минималните основни потреби на населението.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени над 55.700 Палестинци, повеќето жени и деца.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.