Bakir Tiro
08 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
САО ПАОЛО (АА) - Алан Рушел, преживеаниот фудбалер на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе, успешно закрепнува од повредите по ужасната авионска несреќа што се случи во Колумбија минатата недела, кога тој отпатува со соиграчите на првиот финален натпревар. Од болницата во Меделин, Рушел преку видеопорака им се заблагодари на сите луѓе во светот кои се молат за неговото закрепнување.
„Здраво на сите во Бразил и во целиот свет. Јас сум Алан Рушел. Сакам да ви кажам дека моето закрепнување се одвива добро. Наскоро ќе се вратам во Бразил и ќе продолжам со терапијата. Ви благодарам за поддршката што ми ја дадовте преку молитвите, за топлината и добрината што ја почувствував. Ви благодарам од срце на сите“, рече Рушел, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерот од Шапекоенсе е еден од шесте преживеани во несреќата што се случи во близина на Меделин, во која загинаа 71 лице, меѓу кои и 19 негови соиграчи.