Dejan Maksimoviç
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ЧАПЕКО (АА) - Навивачите синоќа се собраа на стадионот „Арена Конда“ во Чапеко за да оддадат почест на несреќно настраданите фудбалери на нивниот омилен клуб Шапекоенсе, јавува Anadolu Agency (AA).
Солзи, прегратки, зборови на поддршка, и големата тага беа забележливи меѓу луѓето кои се собраа на стадионот, каде што нивните миленици пред несреќниот пад на авионот ја испишуваа историјата на Шапекоенсе.

Имено, во авионската несреќа која се случи на 28. ноември загинаа 18 играчи и тренерот на Шапекоенсе. Авионот, кој од боливискиот Санта Круз со чартер лет го превезувал тимот на Шапекоенсе и новинарите на финалето на Купот Суамерикана во Меделин, се сруши со 77 патници, вклучувајќи ги и членовите на посадата. Падот на авионот го преживеаја пет лица, меѓу кои тројца фудбалери на несреќниот бразилски клуб, додека 72 лица го загубија животот.