Amina Zorniç
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
МЕЛБУРН (АА) - Додека на северниот дел од Земјината хемисфера владее зима и ниски температури, граѓаните на Австралија на плажите пронаоѓаат спас од неподносливите горештини, пишува Anadolu Agency (AA).
Мелбурн, главниот град на државата Викторија, овие денови го зафатија високи температури при што тамошните власти ги повикаа граѓаните да не стојат долго под сонце.
Температурата во Мелбурн вчера надмина 36,7 степени Целзиусови што ги натера жителите да се упатат кон околните плажи.
Тамошните медиуми јавуваат дека станува збор за невообичаена и рекордна температура за овој период од годината, со оглед на тоа што во Мелбурн, каде климата е умерено океанска, е релативно поладно отколку во останатиот дел од земјата.
Метеоролозите тврдат дека температурите ќе се намалат до наредната недела.