Fatma Bülbül
08 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
МОСУЛ (АА) - Според воени извори, вкупно 16 цивили загинаа денес, во напади извршени од страна на терористите на ДЕАШ во ирачкиот град Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во североисточниот дел на покраината Нинева, во напад на терористи со хаубици, загинаа 11 лица. Во друг одвоен напад, загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи три деца, кога терористите извршија напад со хаубици врз станбена зграда источно од градот Мосул.
Во средината на октомври, ирачката армија, поддржана од воените авиони на коалицијата предводена од САД и од локалните сојузници на копно, започна голема офанзива за заземање на градот Мосул од терористите на ДЕАШ.