Ekip
14 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
АНКАРА
Додека Република Турција вложува напори да ги мобилизира сите релевантни меѓународни институции, првенствено Обединетите нации и Организацијата за исламска соработка, со цел да се поддржи Палестина наспроти нападите на Израел, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, досега оствари телефонски разговори со претседатели и премиери на речиси 20 земји од светот, од Палестина до Русија, од Катар до Пакистан, од Кувајт до Алжир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган ги покани лидерите со кои разговараше, на еден ефикасен начин, да преземат заеднички активности против израелските напади и угнетувања насочени кон Џамијата „Ал Акса“ во Израел, Кудс (Ерусалим), Газа и палестинските муслимани.
Во таа насока, претседателот Ердоган својот прв контакт го оствари со палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Хение.
По таа средба, од 8 мај досега, претседателот Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин; катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани; кралот на Јордан, Абдула II; емирот на Кувајт, шеикот Навафор ал Ахмед ал Сабах; кралот на Малезија, Абдулах Риајатудин ал Мустафа Билах; претседателот на Индонезија, Џоко Видодо; претседателот на Алжир, Абдулмеџид Тебун; претседателот на Узбекистан, Шефкет Мирзијоев; премиерот на Пакистан, Имран Хан; претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар; претседателот на Киргистан, Садир Џапаров; претседателот на Авганистан, Ешреф Гани; премиерот на Ирак, Мустафа Казими; претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари; премиерот на Либија, Абдулхамид Дибејбе; султанот на Оман, Хетам бин Тарик ал Саид и поранешниот премиер на Малезија, Махатир Мухамед, зборувајќи на темата за израелските напади насочени кон Палестина.
- Пораки што ги упати претседателот Ердоган
За време на средбите, претседателот Ердоган најостро го осуди прогонот на палестинските муслимани, опишувајќи ги како терор нападите на Израел.
Изјавувајќи дека вложуваат напори на секое ниво да го мобилизираат целиот свет, особено исламскиот, со цел запирање на израелскиот терор и окупација, претседателот Ердоган истакна дека „Турција секогаш ќе биде поддржувач на палестинската кауза, ќе биде покрај своите палестински браќа и ќе продолжи да го штити достоинството на Кудс."
Посочувајќи дека незаконските и нехумани напади на Израел во суштина се адресирани кон сите муслимани, претседателот Ердоган рече дека израелските напади треба веднаш да бидат запрени, меѓународната заедница да реагира моќно и да го наговори Израел да не ги повтори нападите, да бидат преземени конкретни чекори против нелегалните практики на Израел и ја истакна важноста од заеднички активности во давањето поддршка на Палестина.
Турскиот претседател истакна дека е важно Советот за безбедност на Обединетите нации да се вклучи во ова прашање пред кризата да стане уште поголема и додаде дека треба да се работи на идејата за испраќање меѓународни сили за заштита во регионот и палестинските цивили.
Покрај тоа, во согласност со упатствата дадени од страна на претседателот Ердоган, турското Претседателство за верски прашања организира итен состанок за Кудс, со агенда „Ал Акса и Кудс“, на кој учествуваа министрите и претседателите за верски работи на исламските земји и главните муфтии на тие земји. На состанокот заземен е заеднички став за заштита на светоста на Кудс и запирање на прогонот на палестинските муслимани.