Felix Nkambeh Tih
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
Претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза почина од срцев удар, соопшти Претседателството на таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нкурунзиза (55) почина вчера во болницата „Каруси“ во централниот дел на Бурунди, се вели во соопштението на Претседателството, во кое се додава дека Владата прогласила седумдневна жалост.
Сопругата на починатиот Дениз Букуми Нкурунзиза се лекува од Ковид-19 во Најроби, Кенија.