Saadet Firdevs Aparı
13 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Потврдено е дека во Шри Ланка, која ја доживува најголемата економска криза во својата историја, претседателот Готабаја Раџапакса ја напуштил земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), претседателот на Шри Ланка, Раџапакса, ја напуштил земјата.
Во веста се наведува дека покрај Раџапакса, земјата ја напуштил и неговиот брат Басил Раџапакса, поранешен министер за финансии.
Демонстрантите во Шри Ланка влегоа во резиденцијата на премиерот на 9 јули и ја запалија зградата.
Демонстрантите ги пробиле и барикадите околу просторот каде што се наоѓаат официјалната резиденција и канцеларијата на претседателот Раџапакса, и влегле во неговата резиденција и канцеларија.
Се тврдеше дека по влегувањето на демонстрантите, Раџапакса ги напуштил просториите и бил однесен на безбедно место.
Претседателот Раџапакса прифатил на 13 јули да поднесе оставка.
– Ситуацијата во Шри Ланка
Населението во земјата која се соочува со најголемата економска криза во својата историја, на крајот на март ги засили своите протести по прекините на струјата од 13 часа дневно.
На 9 мај дојде до судир меѓу демонстрантите собрани околу зградата на Кабинетот на премиерот и поддржувачите на Владата. Во главниот град Коломбо воените единици беа повикани на должност.
По насилствата беше прогласен полициски час низ целата земја, а Владата нареди да се пука врз секој што ќе наштети на јавен имот за време на протестите.
Во протестите кои се проширија низ земјата животот го загубија 8 лица, меѓу кои и пратеник од владејачката партија и двајца полицајци, а 250 лица беа повредени.