Derya Gülnaz Özcan
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
АТИНА (АА) - Најмалку 16 лица ги загубија животите како последица на потонувањето на брод со нерегуларни мигранти кај островот Лезбос во Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави грчката државна информативна агенција АМНА, во потонатиот чамец се наоѓале околу 40 нерегуларни мигранти.
Во веста се наведува дека 16 лица кои ги загубиле животите се млади жени со африканско потекло, а деветмина од спасените нерегуларни мигранти се пренесени во државната болница на островот Лезбос.
Продолжува потрагата по околу 15 исчезнати лица.