Alaattin Doğru
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ДАКАР
При уривање на нелегален рудник во африканската држава Гвинеја животот го загубија 5 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националните медиуми објавија дека во североисточниот дел на оваа земја, на подрачјето на градот Фалико, недалеку од границата со Буркина Фасо, на 8 јуни дошло до несреќа во нелегален рудник.
По тридневна операција за спасување на затрупаните во несреќата, пронајдени се телата на петмина рудари.
Починатите рудари биле од Буркина Фасо и по идентификацијата им биле предадени на семејствата.
Во голем број африкански држави локалното население работи во нелегални рудници, во кои во сезоната на дождови често се случуваат несреќи.