Ekip
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
КАБУЛ
Во експлозија која денеска одекна во џамија за време на петочната молитва во главниот авганистански град Кабул, загинаа најмалку четири лица, потврди официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Авганистан, Тарик Арјан, за АА изјави дека инцидентот се случил во населбата Карта-4 во градот. Тој потврди дека најмалку четири лица, вклучувајќи го имамот, загинале во нападот.
Засега никој не презеде одговорнот за ваквиот напад, кој е втор по ред од ваков тип во Кабул за помалку од еден месец.