Mohammad Sıo
01 Април 2024•Ажурирај: 03 Април 2024
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа уште 22 Палестинци во новите рации низ окупираниот Западен Брег синоќа и рано утринава, соопштија групите за правата на затворениците, јавува Анадолу.
Во заедничкото соопштение на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестинските затвореници се наведува дека меѓу приведените има и четири жени.
Повеќето Палестинци се приведени во градовите Рамала, Ал Кудс (Ерусалим), Тулкарм, Џенин, Хеброн и Витлеем.
„Според најновите податоци, вкупниот број на приведени од 7 октомври минатата година е зголемен на 7.920“, се наведува во соопштението.
Од 7 октомври 2023 година, кога израелската Армија го започна својот напад врз Појасот Газа, зголемен е бројот на притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ал-Кудс.
Според Министерството за здравство, оттогаш во напади на израелската Армија врз окупираните територии се убиени повеќе од 455 Палестинци, а околу 4.750 се ранети.