Ayşe Aktaş
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Осигурителна компанија со седиште во Швајцарија соопшти дека штетите предизвикани од природните катастрофи во светот во 2017 година достигнале вредност од 306 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението кое го објави компанијата Swiss Re се вели дека минатата година од природни катастрофи во светот била предизвикана материјална штета во висина од 188 милијарди долари, а штетата во 2017 година е зголемена за 63 отсто и изнесува 306 милијарди долари.

Американскиот континет годинава беше погоден од најголем број природни катастрофи, како што се ураганите Харви, Марија и Ирма кои ги погодија Карибите и САД, потоа земјотресите во Мексико и пожарите во Калифорнија.
И покрај тоа што во катастрофите е зебележано зголемување на материјалната штета, за среќа во нив не е забележано значително зголемување на бројот на човечки жртви.
Во природните катастрофи кои годинава се случија во светот, повеќе од 11.000 луѓе ги загубија своите животи или исчезнале.
Sigma - истражно одделение на компанијата, објави дека во 2017 година предизвикана е штета на осигурен имот во висина од 136 милијарди долари, што е за 2 пати поголема во однос на минатата година.
Ураганите Харви, Ирма и Марија предизвикаа оштетување на осигурен имот во висина од 93 милијарди долари.