Ruslan Rehimov
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската армија ја продолжува операцијата за ослободување на нејзините територии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан наведува дека од вчера попладне, па до утринските часови денеска, продолжиле судирите на целиот фронт.
Исто така се истакнува дека азербејџанската армија со нападите целосно го ограничила движењето на ерменската армија, контролата и интеракцијата меѓу ерменските сили е изгубена и настанат е хаос меѓу единиците.
Се додава дека ерменските војници колективно ги напуштаат единиците.
Меѓу другото, од Министерството се нагласува дека во текот на операциите е погоден 5. Полк на Ерменските вооружени сили и дека при нападот сериозно бил повреден полковникот Самвел Григоријан, началникот на Генералштабот на 10. Дивизија, додека командантот на артилериските единици, потполковник Арман Дермејан и голем број војници се загинати.
Се нагласува дека од вчера, па сѐ до утрово, уништени се 13-ина тенка од типот „T-72“, 2 оклопни возила, 4 ракетни системи „град“, 2 хаубици од типот „акатсија“, 3 хаубици од видот „Д-30“, 2 радарски системи и многу возила за превоз на персоналот.
Како резултат на операцијата спроведена на фронтот, исто така запленети се 6 тенка „T-72“ на ерменските сили.