Ruslan Rehimov
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџански знамиња се веат во селата од градот Џебраил, ослободени од ерменската окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимката споделена од Министерството за одбрана на Азербејџан, се забележува дека ерменската армија избегала оставајќи ги своите возила низ селата околу градот Џебраил.
Во населените места кои речиси се урнати за време на окупацијата која трае со години, веќе се веат знамињата на Азербејџан.
На снимките, еден војник кој учествувал во операцијата, истакна: „Почитуван врховен команданте, ви ветуваме дека нашето знаме од три бои ќе се вее во сите окупирани зони.“
Исто така, се забележува како војниците го бакнуваат знамето на Азербејџан.