Haydar Karaalp
30 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
БАГДАД (АА) - Во Зелената зона во Багдад продолжуваат судирите со тешко оружје меѓу милициите кои го поддржуваат Движењето Садр во Ирак и безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Зелената зона се водат судири меѓу безбедносните сили и вооружените милиции на Муктада ал-Садр. Милицијата со РПГ-7 ја напаѓа Зелената зона.
Полицискиот час во Багдад продолжува. Пукотниците не престанаа од синоќа. Не работат ниту државните институции.
Се тврди дека Садр, шиитскиот верски и политички водач, не се јавувал на телефонските повици на политичките лидери кои од него бараат да ја повика неговата милиција на повлекување.
Ајатолахот Али ес-Систани, највисокиот верски авторитет на шиитите, сè уште нема дадено никаква изјава во врска со настаните.
Садр вчера соопшти дека целосно се повлекува од политиката. Гневните групи кои го поддржуваат Садр, упаднаа во Владата и Претседателската палата во Зелената зона. Безбедносните сили ги отстранија демонстрантите од овие места.
Од друга страна, милицијата Сераја ес-Селам, поврзана со Садр, се распореди околу Зелената зона со стотици вооружени возила и влезе во судир со безбедносните сили.
Претставништвото на мисијата на Обединетите нации (ОН) во Ирак ги повика страните да се држат настрана од вооружени конфликти и насилство.