Ruslan Rehimov
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БАКУ
Судирите на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан продолжија во текот на целата ноќ, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави Министерството за одбрана на Азербејџан, Армијата на Азербејџан ги продолжила своите воени операции на фронтот во повеќе правци, со цел да го прошири успехот постигнат во последните неколку дена.
И двете страни на линијата на фронтот спровеле наизменични топовски гранатирања, при што азербеџанските топови уништиле набљудувачка зона на Командата на 5. разурнувачки полк на ерменската војска, 1 тенк и 3 топа.
Во друго соопштение на азербејџанското Министерство се наведува дека ерменската војска во утринските часови ги гранатирала селата во областите Тертер, Берде, Агдам, Агџабеди, Фузули и Џебраил, на што азербејџанската војска возвратила со мерки на претпазливост.