Dildar Baykan
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Откако со Ковид-19 се заразија американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, расте бројот на заразени во Белата куќа. Со Ковид-19 е заразен и Стивен Милер, еден од вишите советници на Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според јавувањата на американските медиуми, сѐ поголем е бројот на заразени со коронавирусот во Белата куќа, како и меѓу лицата кои се вклучени во претседателската кампања на Трамп, а последен чии резултати покажаа дека е позитивен на Ковид-19 е и вишиот советник на Трамп, Стивен Милер.
Сопругата на Милер и портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс, Кејти Милер, исто така беше заразена со Ковид-19 во мај, и тоа беше еден од првите позитивни случаи во Белата куќа.
За советничката на Трамп, Хикс, во четвртокот беше потврдено дека е заразена со Ковид-19, при што седум дена подоцна, и Трамп на Твитер објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19.