Elena Teslova
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
МОСКВА
Рускиот претседател Владимир Путин денес преку видео-конференција разговараше со својот француски колега Емануел Макрон во врска со кризата во Либија, Сирија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
На почетокот од виртуелниот состанок, Путин изрази жалење поради тоа што не можат да извршат директна средба поради пандемијата на Ковид-19, за која рече дека претставува нова закана.
Toj додал дека „старите проблеми и закани“, како што се тероризмот, неконтролирана миграција, климатски промени и колапсот на систем на контрола на оружјето остануваат на заедничката агенда.
„Денес ќе разговараме за сè што наведов, на еден или друг начин, и секако ќе зборуваме за раст на експлозивниот потенцијал во жариштата, за проблемите на Украина, Балканот, ситуацијата во Сирија и Либија“, изјави Путин.
Макрон, пак, ја истакна потребата од создадавање услови за дијалог за безбедноста, здравството, економијата и заштитата на животната средина, како дел од агендата за регионалните кризи.
„Постојат три задачи што треба да се имаат в предвид. Тоа е создавање конкретни услови за нашиот билатерален и мултилатерален безбедносен дијалог. Исто така, треба да имаме агенда на кризи, особено ситуацијата во Либија, Украина и Сирија. И третата е соработка за иднината: здравство, економија и заштита на животната средина“, рече Макрон.
Рускиот претседател го покани својот француски колега во посета на Русија. Макрон ја прифати поканата, велејќи дека ќе дојде на крајот на летото доколку условите бидат поволни.