?????
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама имале телефонски разговор за изнаоѓањето на дипломатско решение за Сирија и за состојбата на истокот на Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека разговорот се одржал на иницијатива на официјален Вашингтон.
„Двајцата државници позитивно ги оценија резултатите од преговорите за Сирија, одржани на 11-ти и 12-ти февруари во Минхен и ги поддржаа напорите за примена на прекинот на огнот”, се наведува во денешното соопштение од Кремљ.
Тие, во текот на заедничкиот телефонски разговор, се договориле за интензивирање на дипломатската и друга соработка за примената на Договорот за Сирија, постигнат во Минхен.
Путин во разговорот со Обама ја нагласил и важноста од „заеднички фронт против тероризмот” и укажал на неопходноста на постоењето на блиските работни контакти помеѓу Пентагон и руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека рускиот претседател изразил надеж дека официјален Киев ќе преземе практични чекори за исполнување на своите обврски преземени со мировниот договор од Минск, кој предвидува прекин на огнот помеѓу украинските и проруските сили, на истокот од Украина.