Diyar Güldoğan
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кремљ потврди дека утре, на Меѓународниот економски самит во Виетнам ќе се состанат американскиот и рускиот претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тукушто беше договорено времето на состанокот. Ќе биде на 10 ноември“, рече Јуриј Ушаков, чија изјава беше цитирана од страна од руската новинска агенција ТАСС.
Се очекува двајцата лидери да разговараат за ситуацијата во Сирија и на Корејскиот Полуостров, како и за билатералните односи.
Утрешниот состанок на двајцата лидери во рамките на 25. Азиско-пацифички самит за економска соработка ќе биде нивната втора тет-а-тет средба оваа година, по Самитот Г-20 во јули, во Хамбург, Германија.