Ekipa
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, не е човек од верата, туку терорист чии раце се крвави, и предупреди дека не постои никаква разлика меѓу ФЕТО и терористичката организација ДЕАШ бидејќи и двете ги погазија светите верски вредности и двете организации убиваат муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим престојува во официјална посета на САД, а во таа пригода го посети комплексот џамии на Турско-американскиот центар за култура и цивилизација, кој во Мериленд, во април минатата година го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На почетокот од обраќањето пред претставниците на американската муслиманска заедница, Јилдирим го осуди неодамнешниот терористички напад во Тексас и рече дека ниту една земја во светот веќе не е поштедена од терористичките закани.
„Терористичката организација ФЕТО на 15 јули минатата година се обиде да изврши воен удар во Турција. Предавниците кои се инфилтрираа во нашата војска и во државните институции, притоа убија 250 наши сонародници, а повредени беа 2.193 луѓе. Тие предавници во воени униформи со тенкови газеа и убиваа луѓе и со авиони го бомбардираа нашиот парламент“, рече Јилдирим.
Потсетувајќи дека со храброто спротивставување на народот обидот за државен удар е оневозможен, Јилдирим рече дека веќе година и половина трае процесот на дешифрирање на тајните елементи и мрежата на терористичката организација, сето тоа во рамките на правниот систем на Турција.
Тој посочи дека ФЕТО го загуби своето влијание во Турција, но оти нејзините терористи продолжуваат во многу земји да водат антитурска кампања. Исто така, Јилдирим посочи дека луѓето во Турција се свесни за тоа, но оти оваа кампања мора да ја препознаат и да ја разберат и луѓето од целиот свет.
„Нема да дозволиме никаква провокација да го загрози нашето единство и братство. Нема да дозволиме да успеат оние што ја злоупотребуваат нашата вера. Главниот предавник кој го планираше и издаде наредба за обидот за државен удар е Фетула Ѓулен, кој сѐ уште живее во САД, а во текот на децениите се претставуваше како умерен религиозен човек и така измами многумина добронамерни муслимани во светот. Неговата главна цел е да ги инфилтрира своите субјекти во државниот апарат и да ја преземе Турција. Најстрашно е што во овој обид, убиваше муслимани“, рече Јилдирим.
Повикувајќи ги сите муслимани и пријатели на Турција да се држат настрана од училиштата и установите поврзани со организацијата ФЕТО во Америка, Јилдирим ја предупреди американската муслиманска заедница да не дозволи да биде измамена од предавниците на ФЕТО.
„Ги замоливме американските институции да го екстрадираат Ѓулен за да биде кривично гонет за сето она што го стори. Овој процес е во тек. Очекуваме да нѐ поддржите во ова, исто како што и досега правевте. Тоа е важно за да може американската јавност полесно да сфати дека Ѓулен не е верски мислител, туку предавник кој сака политичка моќ“, порача Јилдирим.
Во делегацијата предводена од Јилдирим во посета на САД престојуваат и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак.