Emre Gürkan Abay
18 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека изгледа оти рушењето на рускиот авион на подрачјето на Сирија е синџир на трагични околности, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во Москва, по состанокот со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, одговараше на прашањата на новинарите, и меѓу останатото, го прокоментира и рушењето на рускиот воен авион на подрачјето на Сирија.
„Изгледа дека рушењето на рускиот авион во Сирија е еден синџир на трагични околности. Реакцијата на Москва ќе биде во таа насока што руските единици ќе работат на јакнење на безбедносните мерки“, порача Путин.
Тој нагласи, исто така, дека е неопходно најсериозно да се разгледа случајот на соборувањето на рускиот авион.
Министерството за одбрана на Русија денес соопшти дека вчера поради израелските воздушни напади, режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад по грешка соборил руски воен авион.