Diyar Güldoğan
28 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Иран е добар сосед и сигурен партнер на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние воспоставивме дипломатски односи пред 500 години. Иран е добар сосед и сигурен и стабилен парнер на Русија“, изјави Путин за време на состанокот со својот ирански колега Хасан Рухани во Москва.
„Путин изјави дека Москва и Техеран соработуваат во многу области, вклучувајќи ја и економијата“, се вели во соопштението од Кремљ.
„Доволно е да се каже дека минатата година, нашата трговија се зголеми 70 отсто, што е посебно достигнување во услови на актуелните економски тешкотии“, додаде тој.
Рухани изјави дека односите меѓу двете земји се развиле позитивно во изминатите три и пол години.
„Нашите односи влегоа во нова фаза“, рече тој и ја изрази својата надеж дека оваа посета ќе ја унапреди билатералната соработка.
Рухани додаде дека нивната крајна цел е да се зајакнат мирот и стабилноста во регионот.
Иранскиот претседател вчера пристигна во Москва, во дводневна официјална посета, за време на која се состана и со рускиот премиер Дмитри Медведев.
Се очекува да се потпишат голем број билатерални договори за време на неговата посета на рускиот главен град, каде што беше поканет од страна на Путин.