Mehmet Tosun
16 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије, двајцата лидери разговарале за текот на војната меѓу Русија и Украина.
Ердоган и Путин разговарале и за коридорот за жито и прашањата за извоз на амонијак.
Станало збор и за конкретните чекори во рамките на проектот за претворање на руското жито во брашно во Туркије и негово испраќање во африканските земји кои имаат потреба.
Во текот на разговорот, турскиот претседател Ердоган повторил дека Туркије е подготвена да ја преземе задачата за олеснување и посредување со цел воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина.