Hakan Ceyhan Aydoğan
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
САНКТ ПЕТЕРСБУРГ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Санкт Петербург, изјави дека имале конкретен и конструктивен состанок, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одржавме еден конкретен и конструктивен состанок. Разговаравме за билатералните односи, за регионални и меѓународни прашања”, рече Путин.
Тој истакна дека ограничувањата од страна на Турција ќе бидат отстранети и додаде: „Ќе ги оживееме механизмите на соработка. Состанокот на мешовитата комисија за економска соработка е наесен, а Самитот на Високиот совет за економска соработка ќе се одржи следната година”.
„Оваа средба е многу важна кога станува збор за идните односи меѓу двете земји. Ние имаме еден конструктивен разговор кој целосно ги опфати турско-руските односи. Приоритет е да се вратиме во периодот пред кризата. Ова е многу важна цел”, изјави рускиот претседател Владимир Путин.