Elena Teslova
21 Февруари 2023•Ажурирај: 22 Февруари 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека колку повеќе оружје со долг дострел Западот ѝ испорачува на Украина, толку повеќе Русија ќе мора да ја оддалечи заканата од нејзините граници, јавува Анадолу.
„Колку повеќе системи со долг дострел од Западот ѝ се испорачуваат на Украина, толку повеќе ќе бидеме принудени да ја оддалечиме заканата од нашите граници. Тоа е природно“, рече Путин во Москва, обраќајќи се пред рускиот парламент - Федералното собрание.
Тој додаде дека Русија не се бори против украинскиот народ, туку против елитите кои им „служат на интересите“ на трети земји.
Путин, исто така, истакна дека Русија не ја започнала војната, туку употребила силата за да стави крај на конфликтот.
Тој ги критикуваше реформите на Западот во однос на семејниот живот, велејќи: „Милиони луѓе на Западот разбираат дека се водени до вистинска духовна катастрофа. Елитите, искрено кажано, едноставно полудуваат, а се чини дека тоа повеќе не може да биде третирано“.
Обраќањето на претседателот пред Федералното собрание е еден од главните политички настани во Русија. Во своето обраќање рускиот лидер ја опишува состојбата на работите во земјата, нејзините достигнувања, неуспеси и задачи.