Hale Türkeş
06 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Турската прекугранична воена операција во Сирија не беше „нешто неочекувано“ за Русија, вели рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата по Самитот Г-20 во Хангџоу, Путин изјави: „Турската операција во Сирија не беше нешто неочекувано за нас. Надворешните работи и разузнавањето постојат за да се соочиме со понатамошните неочекувани развои. Ние разбравме што се случува и каде ќе нѐ водат работите“.
Путин вели дека Русија го продолжила дијалогот со Турција и со САД во врска со Сирија, и дека нема да поддржи ништо што не е во согласност со меѓународното правo.
Тој исто така истакна дека министрите за надворешни работи на Русија и на САД работат на одредени преддоговори.
„Мислам дека се наоѓаме на вистинскиот пат и можеме да се договориме на заеднички чекори за да ја подобриме ситуацијата во Сирија. Секако, треба и да дискутираме за сирискиот режим и за Иран“, вели тој.
Турската армија на 24 август ја лансираше операцијата „Штитот на Еуфрат“, со цел да ја подобри граничната безбедност, да ги поддржи коалициските сили и да ја елиминира заканата од страна на терористичките организации, особено од ДАЕШ.
За нормализирање на односите на Турција и Русија, Путин рече дека процесот е во тек и дека двата народа искрено сакаат подобрување на билатералните односи.
По состанокот на турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Путин, кој беше одржан на 9 август во С. Петербург, врските меѓу Москва и Анкара влегоа во нова фаза.
Односите меѓу двете земји се влошија минатиот ноември, по соборувањето на рускиот воен авион, кој го наруши турскиот воздушен простор долж сириската граница.
Ова прашање во голема мера беше решено преку писмо и последователен телефонски повик на 29 јуни, меѓу лидерите на двете земји.
На 30 јуни, по телефонскиот разговор меѓу Путин и Ердоган, Русија ја укина заканата за туристички летови до Турција.
Подоцна, на 1 јули министрите за надворешни работи на Турција и Русија се состанаа во Сочи.
Путин ја изрази својата поддршка за Турција во врска обидот за државен удар што се случи на 15 јули и рече дека стои цврсто до демократски избраната Влада, изразувајќи сочувство за жртвите од ударот.
На 22 јули, Русија исто така ги укина ограничувањата за летови до Турција, кои беа поставени привремено, како последица на обидот за државен удар, при што турските официјални претставници ги уверија своите руски колеги дека ќе бидат преземени дополнителни безбедносни мерки.