Emre Gürkan Abay
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Турција и нејзината војска не се одговорни за нападот на руската воена база во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знаеме кој стои зад овие напади. Сигурен сум дека зад овие напади не стои Турција и нејзината војска“, изјави Путин за руските новинари во Москва, додавајќи дека во врска со ова прашање телефонски разговарал и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Тој истакна дека нападите на руската база во Кмеимим и Тартус биле извршени со цел да се нарушат односите на Русија со нејзините партнери, вклучувајќи ја и Турција.
Тој додаде дека нападите на беспилотните летала врз базата на Сирија биле детално испланирани.
„Постоеше обид да се покаже дека беспилотните летала се од рачна изработка за обид да се камуфлира се“, изјави Путин.
Рускиот весник „ Комерсант“ во својот текст, објавен на 4. јануари, напиша дека на 31 декември 2017 година во воздушниот напад на опозициските сили на базата во Кмеимим во Сирија биле ранети најмалку 10 руски војници а уништени биле седум воени авиони.
Руското Министерство за одбрана делумно го демантираше тврдењето на соопштението дека во нападот на базата загинале двајца војници, додека седум авиони воопшто и не биле уништени.
Одоворност за нападот ја презеде „Движењето на слободните Алевити“, кое во јавноста е малку познато.