Zuhal Demirci
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
АНТАЛИЈА/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во однос на прашањето за Источниот Медитеран нагласи дека Турција секогаш е за дијалог и порача дека окото на Турција никогаш не било свртено кон правата на другите земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу говореше на заедничката прес-конференција, по состанокот со министерот за надворешни и европски работи на Малта, Еварист Бартоло, во Анталија.
„Тој што е во право не бега од масата и од дијалогот. Ние секогаш сме за дијалог без предуслови“, порача Чавушоглу на прес-конференцијата.
Тој во своето обраќање во врска со Источниот Медитеран нагласи: „Турција секогаш е за дијалог. Окото на Турција никогаш не било свртено кон правата на другите земји, но до крај ги брани своите права. И понатаму ќе ги брани.“
Потсетувајќи дека Турција на маса ги поканила Грција и другите земји, Чавушоглу рече дека некои таа покана ја сфатиле како да е направен компромис.
„Тој што е во право не бега од масата, од дијалогот и од преговори. Ако Грција е во право во нејзините тези, ако смета дека се во согласност со меѓународното право, таа со мапи, договори и примери ќе дојде на масата и ќе каже. И ние ќе ги кажеме своите тези“, нагласи Чавушоглу.
Истакнувајќи дека Турција секогаш е за дијалог без предуслови, Чавушоглу рече дека ако некој има предуслови за Турција, тогаш и Турција ќе има предуслови.