Talha Öztürk,Bojana Stojanovic,Sanela Crnovrsanin
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
БЕЛГРАД (AA) - Бенјамин Ландра, кој од Шведска до Палестина планира пеш да ги мине земјите со цел да го привлече внимание врз кршењето на човековите права во Палестина, во текот на своето патување, во земјите низ кои минува ги информира луѓето за драмата во Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ландра, кој своето патување кон Палестина го започна во август минатата година од Шведска, со цел да го привлече вниманието кон израелскиот прогон во Палестина и трагедијата која ја доживува палестинскиот народ, пристигна во Србија.
Тој продолжува да се движи пеш кон целта заедно со палестинското знаме и со една детска количка во која ги носи алиштата. Досега тој ги мина Германија, Чешка, Австрија, Словенија и Хрватска.
25-годишниот Ландра на дописникот на АА, му раскажа за конфузијата што ја доживеал за време на неговата посета на Палестина минатиот април, велејќи: „Зачуден сум од ѕидовите што ги видов, од војниците кои се шетаат со автоматски пушки. Слушнав дека околу 300 деца се затворени, а жените се силувани. Кога се вратив во својата земја, решив да направам нешто за да ја подигнам свеста за кршењето на човековите права во Палестина“.
Поради оваа причина, Ландра рече дека одлучил да оди пеш од Шведска кон Палестина. Некои ноќи ги поминал во шатор, некои ноќи во хотели, а понекогаш љубезните луѓе ги отвориле вратите на куќите примајќи го активистот како гостин.
Ландра, поставил шатор во тунели за време на дождливото време додека патувал низ Германија, а пешачел по снегот во Австрија. Тој изјави дека додека минувал пред израелската амбасада во Чешка, властите го запреле и му ја погледнале патната исправа.
- „Многу луѓе не се свесни за тоа што се случува во Палестина“
„Ако не можам да влезам во Палестина, ќе се обидам да ги информирам медиумите за тоа“, истакна Ладра, наведувајќи дека не е сигурен дали кога ќе пристигне, ќе може да влезе во Палестина. „Исто така, штом ми се укаже можност, во земјите низ кои минувам, држам презентации за да им објаснам на луѓето за ситуацијата во Палестина“, рече Ладра.
Ладра на социјалните мрежи објавува фотографии со ознаката #walktopalestine.
Активистот, според неговите пресметки, планира патувањето да го заврши во јуни или јули. Тој собирал пари, дури продал сè за да го спроведе ова патување. Понекогаш луѓето со кои се среќава му донираат средства.
Ладраа нагласи дека тргнувајќи на ова патување, сакал на луѓето да им испрати порака: „Секој, одвојувајќи од своето време, треба да стори нешто за да им помогне на другите“.