Mohamad Misto,Zeynep Hilal Karyağdı
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ДАМАСК (AA) – Во два бомбашки напади изведени во местото Сејиде Зеинаб на југот од Дамаск, во Сирија, до сега загинаа 12, а ранети се 55 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Причинета е и материјална штета на неколку згради, а гореа и возила. Одговорноста за нападот, по пат на социјалните мрежи, го презеде терористичката организација ДАЕШ.
Во утринските часови изведен е еден самоубиствен напад на контролната точка Дијабије, а на улица Тин активиран е автомобил-бомба.