Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Во ноќните часови извршени се воздушни напади врз местото Кенфренбил и селото Масаран кои се наоѓаат во зоната без судири во подрачјето на Идлиб. Во нападите животот го загубија 8 цивили, а најмалку 40 лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилната заштита на Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, за АА изјави дека иако подрачјето на Идлиб се наоѓа во зоната без судири, наместо да дојде до намалување на судирите, дошло до зголемување на нападите.
Во вечерните часови изведени се напади врз Саракиб, Кефренбил, Кан Шајкоун, Маарат ал-Нуман, Тел Мердих, Ел-Гедефе, Ел-Тух и Масаран. Јусуф изјави: „Воени авиони на Русија во ноќните часови изведоа воздушни напади врз местото Кенфренбил и селото Масаран. Во нападите животот го загубија 8 цивили, а ранети се најмалку 40 цивили”.
Тој додаде дека во акциите за спасување и извлекување се во тек, а постои стравување дека бројот на мртви би можел да се зголеми.
Во последните два месеци Идлиб се соочува со интензивни воздушни напади. Само во јануари загинаа 211 цивили, а 1.447 се ранети.