Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Расте бројот на напади врз муслимани во Австрија, жртвите воглавно се жени

Во извештајот кој е објавен под наслов „Извештај за антимуслиманскиот расизам во 2016“, се наведува дека во 2015, во Австрија се регистрирани вкупно 156 напади врз муслимани, а во 2016, 253 напади
Aşkın Kıyağan
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
Расте бројот на напади врз муслимани во Австрија, жртвите воглавно се жени
Viena

ВИЕНА (АА) - Центарот за советување на муслиманите во Австрија објави извештај во кој се наведува дека минатата година, за 65 отсто е зголемен бројот на регистрираните напади врз муслимани и на имотот на муслиманските заедници во таа земја, во однос на претходната година, јавува Аnadolu Agency (AA).

Во извештајот кој е објавен под наслов „Извештај за антимуслиманскиот расизам во 2016 година“, се наведува дека во 2015 година, во Австрија се регистрирани вкупно 156 напади врз муслиманите, а дека во 2016 година се регистрирани 253 такви напади.

Цел на минатогодишните напади врз муслиманите во Австрија, во 98 отсто од случаите се жени, а 62 отсто од тие напади се случиле на јавни места и во средствата за јавен превоз.

Некои од нападите се случиле и во јавни институции и се третираат како дискриминациски.

Советодавниот центар, кој од 2014 година објавува извештаи за нападите врз муслиманското малцинство во Австрија, од оваа година нуди и советодавни услуги за жртвите од таквите напади.

„Во септември минатата година дојде до најголем пораст на антиисламската реторика во медиумите и во политиката во Австрија. Особено интензивните навредливи изјави беа присутни во пресрет на претседателските избори, во дискусиите за забрана на хиџабот и бурката“, изјави претставничката на Центарот, Елиф Озтурк.

Потсетувајќи на низата брутални напади на покриените жени, Озтурк изјави дека одвратни биле и нападите на џамиите и инцидентите со оставање свински глави во нивните дворови.

„Неодамна, и Европскиот суд на правдата донесе одлука со која на работодавците им се одобрува да го забранат носењето на верски симболи на работните места, а тоа најнегативно ќе се одрази на муслиманките. Нѐ изненади таквата пресуда. Сметаме дека во 21. век, луѓето мора да се вреднуваат според способностите и делата, а не според начинот на облекување“, изјави Озтурк.

Озтурк истакна дека покриените муслиманки веќе се соочуваат со проблеми на дискриминација при барањето работа, и дека мисијата на Центарот за советување на муслиманите е да се слушне гласот на таа популација во австриското општество и пошироко.

related_topics:
насилствомуслиманиИнфографикaАвстрија
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
САД: Државата одби да издаде документ на презиме Алах

САД: Државата одби да издаде документ на презиме Алах

Следно

Сирија: Втор конвој со 1.800 цивили од Ал Ваер стигна во Џарабулус

Сирија: Втор конвој со 1.800 цивили од Ал Ваер стигна во Џарабулус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЕУ рече дека не го „надгледува“ влијанието на Турција во соседството по изјавите на Фон дер Лајен

Продолжува вежбата „БЛЕСОК 26“, реализирани активности за извршување тактички задачи

Катар поддржува продолжување на примирјето меѓу САД и Иран доколку не се постигне договор во преговорите во Исламабад

Повеќе од 1.000 уметници повикаа на бојкот на Евровизија поради учеството на Израел

Трамп тврди дека Иран „голем број пати“ го прекршил прекинот на огнот со САД

„Досега во Пакистан не отпатувала ниедна иранска делегација за втората рунда преговори со САД“

Ирска рече дека Израел „ги крши човековите права“, побара од ЕУ прекинување на договорот

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марш на црвените чадори

Марш на црвените чадори

Орбан за одлуката на Австрија да го ограничи прифаќањето бегалци

Орбан за одлуката на Австрија да го ограничи прифаќањето бегалци

Усогласена стандардизацијата на регистрација на бегалците во балканската рута

Усогласена стандардизацијата на регистрација на бегалците во балканската рута

Британските муслимани ги поканија немуслиманите на дружење со кафе и чај

Британските муслимани ги поканија немуслиманите на дружење со кафе и чај

АИ: Со воведувањето на дневната квота за бегалци, Австрија го крши меѓународното право

АИ: Со воведувањето на дневната квота за бегалци, Австрија го крши меѓународното право

Австрија сака во потполност да го спречи приливот на мигрантите долж Балканот

Австрија сака во потполност да го спречи приливот на мигрантите долж Балканот

Фрајман: Помина времето кога ги примавме сите коишто ќе дојдат на граница

Фрајман: Помина времето кога ги примавме сите коишто ќе дојдат на граница

Австрискиот министер за oдбрана Доскоцил во посета на Македонија

Австрискиот министер за oдбрана Доскоцил во посета на Македонија

Австриската министерка за внатрешни работи отстапува од должноста

Австриската министерка за внатрешни работи отстапува од должноста

„Исламофобијата е болест која ги исклучува муслиманите во земјите од Западот”

„Исламофобијата е болест која ги исклучува муслиманите во земјите од Западот”