Khalid Mejdoup,Halime Afra Aksoy
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
РАБАТ (АА) - Претседателот на Светскиот сојуз на муслимански научници, Ахмед ер Рајсуни, истакна дека оние кои се вознемирени од отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз, се загрижени од тоа што ќе се зголеми улогата на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на социјалните мрежи на Сојузот, Рајсуни рече дека отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ за намаз има придобивки за Турција, исламот и за христијанството.
Тој нагласи дека постојат лекции кои треба да се извадат од отворањето на „Аја Софија“ за молитва.
Според него, оваа состојба е показател дека Турција повторно ја презеде целосната сувереност врз своите територии и институции, и дека овој чекор претставува знак за верска трансформација ширум светот.
„Причината зошто некои страни се вознемирени од отворањето на „Аја Софија“ за намаз, е политичка и идеолошка. Особено се загрижени оти ќе се зголеми улогата на Турција“, нагласи тој.
Рајсини изрази задоволство од овој чекор за кој рече дека е показател за некои позитивни промени како ослободување на Мезџид-и Акса во Ерусалим.