Dildar Baykan
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американски медиуми соопштија дека советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт O'Брајан, е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Медиумите, како „Блумберг“ и „Политико“, повикувајќи се на високи функционери во Белата куќа, информираа дека тестот за Ковид-19 на O'Брајен бил позитивен.
Изворите наведуваат дека Роберт O'Брајен најверојатно со Ковид-19 се заразил за време на семејна прослава, и дека тој продолжил со работата од дома.
Роберт O'Брајен, кој е во блиска соработка со американскиот претседател Доналд Трамп, е највисокиот функционер во Белата куќа кој е позитивен на вирусот Ковид-19 досега.