Satuk Buğra Kutlugün
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи во Источна Гута во последните 12 дена настрадаа 674 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на „Белите беретки“ наведуваат дека цивилите се жртви од нападите од 19 февруари во петок.
Источна Гута е опколена во текот на последните пет години, а хуманитарниот коридор за подрачјето на кое живеат 400.000 лица е прекинат.
Во последните осум месеци, силите на сирискиот режим ја интензивираа опсадата на Источна Гута. Доставувањето на храна и лекови е речиси невозможно, а илјадници пациенти се во состојба на потреба.
Сирија е подрачје на жестоки судири од почетокот на 2011 година кога режимот брутално ги нападна демонстрантите.
Според податоците на телото на ОН, во судирите загинаа стотици илјада лица.