Ekip
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Полициските службеници го испрашуваат премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во рамките на истрагата за корупција во случајот со компанијата Телеком, објавија тамошните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Военото радио и другите медиуми објавија дека полицијата денес влегла во кабинетот на премиерот. Наводно, на друга локација е испрашувана и неговата сопруга Сара.
Минатата недела, двајца соработници на Нетанјаху се уапсени поради сомнеж дека поддржале одредби, вредни неколку стотини милиони долари, во корист на Телеком-компанијата „Безек“. За возврат, порталот „Вала“, во сопственост на „Безек“, обезбеди позитивно следење на активностите на премиерот.
Ова е првпат полицијата да го испрашува Нетанјаху во случајот познат како „Случај 4 000“.
Полицијата предложи кривична пријава за израелскиот премиер поради корупција во уште два случаја.
Нетанјаху ги негираше кривичните дела, отфрлајќи ги обвиненијата како „медиумски лов на вештерки“.