Levent Tok,Mohamad Misto,Adham Kako,Ayşe Aktaş
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ИДЛИБ/АНКАРА (AA) - Силите на режимот на Башар ал-Асад на 33 места го прекршија примирјето за прекин на огнот кој стапи на 30 декември ,а за кој гарантираа Русија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на новинарите на АА откако прекинот на огнот стапил на сила режимските сили и нивните приврзаници меѓу кои се и странски терористички групации на повќе места продолжуваат да го кршат примирјето.
Режимските сили на 33 места, некаде без престанување додека некаде во интервали, продолжуваат со нападите.
На некои места каде нападите од вчера се константи опозиција беше присилена да возврати. Меѓу местата кои се под контрола на сириската опозиција а кои се напаѓани од моментот на прогласување на прекин на огнот се:
- Местата Акраб, Латамна и Зијарет во градчето Халфаја покрај Хама. Исто така селата Атшан и Сукејк.
- Селата Мусејбин, Бувејда и Бурда како и градчињата Кафр Хамра и Хадр во близина на Алепо.
- Селото Кафр Увејд и градот Јиср Ес-Шугхур кај Идлиб.
- Местото Ум Шаршур, населбата Ваер и градовите Растан и Тел Бисе покрај Хомс.
- Местата Карине и Јахудије, како и градовите Тафас и Дера Балат во близина на Дера.
- Покрај Дамаск во Источна Гута нападнати се населбите Јисин, Хуш ал- Ведарије, Дума, Арбин, Џобар и Замалка.
- Нападнати се исто така руралните подрачја западно од Дамаск и тоа селата Диер Канун, Хусејније, Бесиме и Ајн ел-Фисе сместени во долината на Барад.
- Местото Џебасе ел-Хашеб кај Кунејтре.
Откако кршењата на примирјата се воочени од Министрството за надворешни работи на Турција стапи во контакт со руските челници на безбедност и ги информираше за тоа.
Од Русија е побарано како гарант на потпишување на примирјето да изврши притисок на режимските сили на Башар ал-Асад.
Прекинувањето на огнот помеѓу опозицијата и режимските сили стапи на сила на 30 декември во 00.00 часот. Гаранти на договорот се Турција и Русија.
Договорено е доколку страните го почитуваат примирјето, да бидат започнати мировни преговори во главнот град на Казахстан во Астана.