Murat Tan
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ТАНГЕР (АА) - Јасин Ел-Асир - Пештерата Херкул во Тангер на северот во Мароко се нарекува и африканска врата кон Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Пештерата во Тангер привлекува како домашни така и странски туристи најмногу поради природните убавини со кои изобилува. Пештерата секојдневно ја посетуваат стотици туристи.
Тангер е оддалечен само 14 километри од Шпанија и е марокански град кој и е најблизок на Европа. Едно од најпознатите и најпосетуваните дестинации во Тангер е токму пештерата Херкул. Скулптурите кои се дел од пештерата се наоѓаат 30 метри под земја. Се смета за најголема африканска пештера во која се откриени различни предмети од камен.
На ѕидовите се забележуваат фигури од грчката митологија кои посетителите ги враќаат илјадници години во минатото. Според легендите градот го основал Антиној, син на Посејдон и Гаја. Подоцна Херкулес на ова место ја раздвоил земјата и ги поврзал Медитеран и Атлантски Океан, создавајќи го Гибралтарскиот проток.
Туристичкиот водач Ахмед ел-Хасти за АА вели дека пештерата привлекува внимание и на политичарите и на уметниците. Истакнал дека пештерата е посетена од многу познати личности меѓу кои се кралот на Саудиска Арабија Селман бин Абдулазиз, поранешен шпански премиер Јозе Луис Родригез Запатеро како и министер за надворешни работи Мигуел Ангел Моратинос, како и американскиот писател Пол Боулес.
Хасти раскажал дека во близина на пештерата кралот Селман имал куќа каде доаѓал на одмор. Истражувачите ја откриле пештерата во 1906. година и се претпоставува дека Римјаните ја користеле како млин за брашно.