Esra Taşkın
26 Јуни 2024•Ажурирај: 29 Јуни 2024
ПАРИЗ (АА) - Репортери без граници (РСФ) ја осудија одлуката на руската Влада да воведе санкции за 81 медиумска организација од земјите на Европската Унија (ЕУ), вклучително и францускиот весник „Ле Монд“, јавува Анадолу.
Русија денес воведе санкции за 81 европски медиум, ограничувајќи го нивниот пристап.
Како одговор на забраните за руската државна новинска агенција РИА, дневниот весник „Росискаја Газета“ и мултимедијалниот центар Известија, „се воведуваат контраограничувања“ за медиумите од одредени земји од Европската Унија и паневропските медиумски оператори, се наведува на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Русија блокираше независни медиуми. Европската Унија ја искористи отвореноста на демократиите и блокираше три пропагандни преноси на затворена држава“, соопшти РСФ.
Советот на ЕУ на 2 март 2022 година донесе одлука да им забрани на руските медиумски организации „Русија Тудеј“ (РТ) и „Спутник“ да емитуваат програма во рамките на ЕУ.
Советот објави дека публикациите на руските медиумски организации, вклучително и англиски, германски, француски и шпански, се забранети сѐ додека не заврши „нападот на Русија врз Украина и дезинформациите и манипулациите со информации против ЕУ“.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, меѓу медиумските организации што ќе бидат санкционирани се: „Франс прес“, „Дер Шпигел“, „Ел Мундо“, РАИ, „Ла Република“, „Ла Стампа“, „Белсат “, „Ле Монд“ и „Политико“.