Serkan Eruysal
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Михаи Тудос го доби мандатот за формирање на новата влада на Романија откако падна владата на премиерот Сорин Гриндеану како резултат на усвојувањето на иницијативата за изгласување недоверба поднесена во Собранието од страна на партијата на Гриндеану, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Клаус Јоханис одржа прес-конференција по средбата со лидерите на политичките партии, која се одвиваше до доцните часови во Претседателската палата, а на средбата Јоханис посочи дека Социјалдемократската партија (ПСД) и Либералдемократската унија (АЛДЕ) го создаваат мнозинството во Собранието, и поради тоа, како што рече, мандатот на формирање на владата е даден на кандидатот за премиер препорачан од страна на овие две партии, Михаи Тудос.
Јоханис пренесе дека политичката криза што се случи во Романија негативно влијаела врз земјата од економски аспект. Тој посака владата да се формира колку што е можно побрзо и да се решат проблемите.
Тудос во периодот 2014 - 2015 година, во времето на премиерот Виктор Понта ја вршеше фукцијата министер за економија. На парламентарните избори во 2016 година беше избран за пратеник од романскиот град Браила.
Истовремено, Тудос од 2012 година ја врши функцијата претседател на групата за пријателство меѓу Романија и Грција.