Adam Abu-bashal
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
АБУЏА
Во северозападната африканска држава Либерија се случи рударска несреќа во која животот го загубија 45 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени во националните медиуми, свлечиштата до кои дошло во подрачјата на Масакпаох, Бангома и Тевор во грофовијата Гранд Кејп Маунт, предизвикале уривања во голем број рудници за злато.
Во спасувачките активности во подрачјата Масакпаох и Бангома досега се извлечени телата на 45 рудари.
Информирајќи дека во тек се спасувачки операции, властите ја изразија својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати рудари.