Islam Doğru
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 2.360 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 72.334, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД, се уште се наоѓа на врвот на листата на земји погодени со пандемијата Ковид-19, со најмногу починати лица.
Податоците на страницата „Worldometer“, на која се ажурираат најновите податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана од Ковид-19, покажуваат дека во САД е потврдено заразување кај уште 24.776 лица во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени достигнал 1.238.801.
Според страницата во последните 24 часа во САД починале 2.360 лица, со што вкупната бројка е зголемена на 72.334.
По САД следуваат Шпанија со 253.682 случаи на Ковид-19, Италија со 213.013 и Велика Британија со 194.990 случаи.
Од почетокот на епидемијата во САД се тестирани околу 7.728.000 лица, а излекувани се повеќе од 200.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
- Њујорк, центар на епидемијата -
Жариштето на пандемијата во САД е Њујорк каде што заразени се 330.139 лица, додека од последиците на Ковид-19 починале 25.204 лица.
Следуваат Њу Џерси со 131.705 регистрирани случаи на Ковид-19 и Масачусетс со 70.271 заразени.